Здружение на Феријалци Битола

Преспанско езеро

Преспанско езероПреспанското Езеро е езеро кое го делат три држави: Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата.Кога сакаме да зборуваме за Прспанското Езеро, мораме да појдеме од котлината затоа што е тоа продукт на природните случувања во неа и нејзин составен дел.Преспанската котлина се наоѓа во западниот дел на етничка Македонија, а после делбите во 1912/13 год., на крајниот југозападен дел на Реублика Македонија. Делбите почнале на карта 1912 год., а практично на терен завршиле во 1924 год.. Така сега од вкупната површина на хидролошкиот слив на Преспанска Котлина 1350,00 km² припаѓа на:

Република Македонија дел со површина од 761,6 km², или 56,42%

Република Грција дел со површина од 321,6 km²,или 23,82%

Република Албанија дел со површина од 266,8 km²,или 19,76%.

Вкупната површина на Преспанското Езеро изнесува 325,9 км2. (Податоциве се читани, мерени, пресметувани од топографки карти во мерка 1:100.000 и 1: 50.000).



Легенда за настанокот на езерото

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Нивните бистри води биле гордост за цела долина. Навечер кладенчињата со чепови (цифуни) се затварале. Во тоа време, две племиња, непрестано војувале за убавата долина. Ќерката на кнезот од едното племе Преспа, била многу убава. Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода. Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на кнезот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата. Таа стрчала, неосетно му се приближувала убвата девојка, лесна како срна. Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината... Кога ја видел младичот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице ... Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади. Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро ... Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите кнезови за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат - едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица... Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, му рекол: “Сега нема за што да војуваат нашите племиња!“ Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро а населбата околу него го добила името Преспа.