Здружение на Феријалци Битола

Љубојно

Љубојно е село во Општина Ресен.Селото љубојно се наоѓа околу 2 км источно од Преспанското Езеро, на надморска височина од 920 метри, вгнездено во западните пазуви од планината Баба. Љубоно е типично ридско-планинско и печалбарско село, од збиен тип составено од неколку селски маала. Низ атарот на селото тече Брајчинаска река, водоносна, брза и бистра и на која до годините на Илинденското востание работеле 16 воденици. Љубојно се граничи на север со Штрбово, на исток соБрајчино, на југ со Долно Дупени и на запад со Наколец.


Љубојно

Историja

Селото за прв пат се споменува во една повелба на Цар Душан од 1337 година, а подоцна се споменува и во еден запис на Сливничкиот манастир од 1607 година, како поголема македонска населба.Во историските извори, ова село е забележано како Љубовино. Тоа се совпаѓа со едно предание според кое имато дошло по првонаселената меанџика Љуба, која точела многу убаво вино. Кога муштериите влегувале во меаната гласно нарачувале „Љубо, вино“ Љубојно е село од збиен тип со околу 350 куќи, градени наблиску или поврзани и правилно распоредени од двете страни на тесните улички. Куќите изградени меѓу двете светски војни ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади на кои висат пространи балкони. Дворовите се оградени со високи авлии и со широки порти.Љубојно е многу познато по тоа што одамна бил и просветен центар и дека во селото имало школувани луѓе и пред втората светска војна, а оттука потекнуваат и повеќе луѓе кои биле или се доктори на науки и универзитетски професори, но и луѓе кои достигнале високи успеси.Друга верзија за името спрема народните преданија, Љубојно своето име го добило од зборот љ у б о в. Поточно, многу оддамна се вљубиле момче и девојка од соседните населби, но поради недобри соседски односи на жителите од населбите, младите не смееле да се земат. Меѓутоа, тие сепак одлучиле да се земат и да побегнат. Се доселиле во близината на реката и останале среќно да живеат. Подоцна, во близината на местото на вљубените се доселиле други семејства и, поради тоа, местото го нарекле Љубојно.


Културни и природни знаменитости

Во атарот на селото постојат повеќе локалитети од археолошко значење и тоа Граишта-некоропола од римско време, Кула-утврдена населба со некропола од доцноантичкотот време, Куќиштата-средновековна населба, Присој-населба од римско време и други локалитети како Рудина, Св. Димитрија како и многу цркви. Осум верски објекти го красат Љубојно, Црквата Св. Јован која се наоѓа во центарот на селото, и е изградена во 1861, а изгорела во 1903, но во 1921 повторно е обновена. Тука се и црквите Св Пречиста, Св Илија, Св Атанасиј, Св Марена, Св Димитрија, Св Богородица и манастирот св. Петар и Павле.


Љубојно

Цркви