Здружение на Феријалци Битола

Етнолошки Музеј с.Подмочани

Етнолошкиот музејсе наоѓа во преспанското село Подмочани и во него е сместена една од најбогатите етнолошки колекции воМакедонија. Во музејот е сместена ретка и импозантна колекција на над 2000 уметнички детали: прекрасни примероци на накит, оружје, стари монети и преку 160 различни Македонски национални носии од разни региони на Македонија.Иако куќата на Јоне Ефтимовски во преспанското село Подмочани го привлекува погледот и со преубавиот двор, една од дневните задачи на неговата сопруга, во еден од објектите, двокатната куќа, се крие извонредно етнолошко богатство. Покрај таблата која го покажува патот за црквата „Свети Петар и Павле“, изградена со донации на жителите од селото кои се одамна во прекуокеанските земји, а грижливо, по определен ред, одржувана од селските семејства, стои и таблата која посочува дека Подмочани има и музеј. Во етнолошкиот музеј на 52-годишниот Јоне, бавчанџија и етнолог како што вели самиот за себе, е изложен само дел од збирката од над 3.000 експонати, која овој вљубеник во Македонија, македонската традиција и фолклорно богатство, ја збогатувал три ипол децении


Етно музеј

Студиозно систематизирана збирка

Македонија како крстосница на Балканскиот Полуостров отсекогаш претставувала колепка на културни доблести, кои се манифестирале во духовниот и материјалниот свет на македонскиот народ. Материјалната култура манифестирана преку облеката го искажува влијанието на разните култури, повеќе столетија можат да се согледаат преку начинот на облекување и украсување на облеките...Најголем подем и совршенство на народните носии е постигнат во 19 век, од кога се и зачувани најубавите примероци кои го отсликуваат перидот на тогашната култура на облекување.Народните носии на подрачјето на Македонија најчесто се изработувани во техника на ткаење и плетење, а самото украсување во најголем дел е со везење и придодавање разни украси од волна, стакло, метал и кожа. Како доминатни колористични решенија се јавува широк спектар на црвени нијанси, кој најчесто е колорит од кој се направени украсните делови на носиите, додека кај долните и горните облеки доминантна е белата боја, со исклучок на потемни нијанси во некои делови од Македонија.Колекцијата на Јоне Ефтимовски ги содржи, а наедно го отсликува времето од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Со тоа се добива една визуелна претстава за некогашното традиционално облекување на македонскиот народ. Колекцијата е претставена преку неколку сегменти од народното облекување, и тоа: комплетни народни носии, кошули и везови, горни облеки, скутини, покривки за глава, чорапи и накит, кои претставуваат вистинска реткост и во музејските витрини, како во нашата држава, така и пошироко. Затоа, овде би се истакнала големината и импозантноста на оваа збирка, која е собирана повеќе од триесеттина години и е студиозно систематизирана.


Етно музеј