Здружение на Феријалци Битола

Места за посетување

Љубојно

ЉубојноЉубојно е село во Општина Ресен.Селото љубојно се наоѓа околу 2 км источно од Преспанското Езеро, на надморска височина од 920 метри, вгнездено во западните пазуви од планината Баба. Љубоно е типично ридско-планинско и печалбарско село, од збиен тип составено од неколку селски маала.
Прочитај повеќе...

Брајчино

БрајчиноБрајчино е село во Општина Ресен во Република Македонија. Се наоѓа 6 километри од Преспанското Езеро до Баба Планина.Брајчино е едно од најпрекрасните локации во преспанскиот регион, се наоѓа под југозападниот срт на планината Баба, каде што се допира со атарот на с. Бистрица...
Прочитај повеќе...

Манастир „Св. Ѓорѓи“ - с.Курбиново

Манастир „Св. Ѓорѓи“ - с.КурбиновоМанастирската црква “Св. Ѓорѓи„ се наоѓа во атарот на село Курбиново, Преспа во непосредна близина на Преспанското Езеро на магистралниот пат Битола - Ресен, некогашниот римски пат Вија Игнација, кај крстосницата „Маказа“, се одделува пат за преспанските села, под планината Баба позната уште и како Пелистер.
Прочитај повеќе...

Сливнички манастир

Сливнички манастирСливничкиот манастир е манастирски комплекс кој се наоѓа на 3 km од истоименото село Сливница во падините наБаба Планина, Македонија. Манастирката црква (Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Сливница) е посветена на Богородица.
Прочитај повеќе...

Преспанскиот Крст во с.Подмочани

Преспанскиот Крст во с.ПодмочаниПреспанскиот Крст во с.Подмочани, дел од Преспанската убавина. Преспанскиот Крст е изграден во 2000 година по повод 2000 години од постоењето на христијанството, висок е 33 метри со што симболично се прикажани годините на Исус Христос.
Прочитај повеќе...

Етнолошки Музеј - с.Подмочани

Етнолошки Музеј - с.ПодмочаниЕтнолошкиот музејсе наоѓа во преспанското село Подмочани и во него е сместена една од најбогатите етнолошки колекции воМакедонија. Во музејот е сместена ретка и импозантна колекција на над 2000 уметнички детали: прекрасни примероци...
Прочитај повеќе...

Голем Град

Голем ГрадГолем Град (Змиски Остров или Св. Петар) е остров во Преспанското Езеро од големо културно-историско значење. За него погрешно се смета дека е единствениот остров во Република Македонија, во која впрочем постојат повеќе езерски и речни острови.
Прочитај повеќе...