Здружението на Феријалци - Битола е здружение формирано заради вршење на дејности и активности кои се стремат кон развој на младинскиот туризам, мобилност на младите и афирмација на сите облици на организиран и индивидуален одмор и рекреација на своите членови во земјата и странство.
Здружението на Феријалци – Битола е дел од Феријален сојуз на Македонија, а Феријалниот сојуз на Македпнија е член на меѓународната федерација на младински хостели (IYHF).
Здружението на Феријалци – Битола своите програмски активности ги реализира во Феријалното летовалиште Преспа кое се наоѓа во туристичката населба Претор, Р.Македонија.Сместено е во сенките на брезовата шума, а од езерото е оддалечено 100 метри. Капацитетот на летовалиштето е 80 легла и тоа 50 легла во бунгалови и 30 легла во камп приколки.Летовалиштето располага со добро уреден простор за кампирање и приклучок за електрична енергија.На гостите во текот на сезоната им нуди одмор, рекреација, спорт, забава и едукација.